Убавина

Ослободете се од целулитот со овие 2 природни рецепти!

Диета, спортски активности, промена на животниот стил и сите други помалку познати третмани против целулит … се сте пробале за ова лето да изгледате поубаво од претходната година? Можеби за таа цел можат да ви помогнат некои од природните рецепти против целулит. Се работи за  маски за кожа кои можете да ги комбинирате со масажа или друг метод за нега на телото. Благодарение на силните природни состојки кои се делотворни и го намалуваат целулитот, овие рецепти ќе ви помогнат и при чистење од токсините и вишокот течности во организмот.

Маска за тело со спирулина и бадемово масло

Оваа маска ќе ги отстрани токсините насобрани под кожата, ќе ја измазни површината и ќе го намали неудобното чувство на притисок и болка кај „лушпата од портокал”. Природните состојки во бадемовото масло ќе ја направат кожата понежна, помека и поеластична.

Состојки

  • 2 чајни лажички спирулина во прав
  • 100 мл. бадемово масло

Начин на подготовка

Измешајте ги состојките и нанесете ја смесата како маска на деловите со целулит. Тријте ја во кожата околу пет минути, а потоа оставете да отстои уште 20 минути на проблематичниот регион. Измијте со топла вода.

Овој третман можете да го правите 1-2 пати неделно.

Мирисни перничиња за брзо отстранување на целулитот

Силните природни состојки на оваа мешавина од билки и масла од кои се прави база за масажа на тело ќе ви овозможи брза детоксикација и ќе помогне при отстранување на голем дел од целулитот за неколку седмици.

Состојки

  • 1 чајна лажица цветови од лаванда
  • 1 чајна лажица рузмарин
  • 1 чајна лажица цимет
  • 4 дцл бадемово масло
  • Стерилна газа или памучна ткаенина

Начин на подготовка

На стерилна газа или чиста памучна ткаенина ставете лаванда, рузмарин и цимет, па затворете ги како перниче. Бадемовото масло загрејте го на пареа и со нив натопете ги перничињата, па оставете пет минути за да се впие. После тоа не измивајте го маслото, туку оставете го на кожата.

Користете го овој третман 3 пати неделно.

Напиши коментар