Омекнете ја тврдата кожа на стапалата со тоа што ќе здробите пет или шест аспирина. Направете смеса со тоа што ќе додадете половина лажичка сок од лимон и вода. Нанесете ја пастата на тврдата кожа, па замотајте го стапалото во топла крпа и ставете пластична кеса. Подигнете ја ногата на високо и останете така најмалку 10 минути, потоа извадете ја крпата и со камен за пети истругајте ја омекнатата кожа.

