Избелувањето е едно од најчестите методи што се користат за криење на влакната на лицето. Но, избелувањето не е безбедно и добро за кожата. Затоа препорачуваме да пробате некои домашни рецепти за да се ослободите од влакната.
1. Курукума и сол
Солта е една од состојките на овој популарен козметички пилинг кој ги отстранува мртвите клетки на кожата и ги отстранува несаканите влакненца. Измешајте курукума со сол. Додајте неколку капки сок од лимон и млеко. Овој пилинг нанесете го на лицето и масирајте 5 минути. Направете го ова двапати неделно.
2. Лимон и мед
Овој пилинг можете да го искористите и за чистење и избелување на кожата. Измешајте сок од лимон со мед и нанесете на лицето и на вратот. Оставете да дејствува од 15 до 20 минути. Измијте се со ладна вода за да добиете хидрирана кожа без влакненца.
3. Пилинг од шеќер
Шеќерот ја лупи кожата, ги отстранува мртвите клетки, а исто така ги отстранува влакната од корен. Натопете го лицето со вода и масирајте се со шеќер. Правете го тоа двапати неделно. Шеќерот исто така помага и во лекувањето акни. Значи, ако имате акни, нанесете пилинг од шеќер.
4. Пченкарно брашно, шеќер и јајце
Во сад ставете една белка со шеќер и пченкарно брашно. Нанесете го овој пилинг на лицето и на вратот. Масирајте нежно околу 15 минути. Оставете да дејствува 5 минути, а потоа измијте го со ладна вода. Правете го ова трипати неделно.
