Неверојатните песочни плажи со ситен бел песок и прекрасните планини на островот Муреа, ќе ве воодушеват на секој можен начин. Муреа е тропски остров кој се наоѓа во архипелагот Француска Полинезија, кој се состои од 130 острови, од кои најблиску до него се Тахити и Бора Бора.
Романтичната Муреа е честа дестинација на вљубени парови и одлично место на кое можете да го поминете медениот месец или пак вашиот одмор. Тиркизно-синото море ќе ви помогне да се релаксирате и да уживате како никогаш досега. До островот се стига со фериброд од островот Тахити, на кој се наоѓа интернационалниот аеродром, портата на овој регион.









