Убавина

Осум топ вежби за брзо зацврстување на задникот

Доведете го задникот во топ форма за ова лето. Сега е идеално време да започнете со подготовките.

Скали

Од денес одете по скалите секогаш кога ќе ви се укаже прилика за тоа. Заборавете на лифтот или подвижните скали. Во секојдневниот живот не постои подобра вежба од скалите за убав и цврст задник.

Затегнувајте ги мускулите

Додека стоите, седите, лежите, готвите… стегајте ги и опуштете ги мускулите на задникот. Правете го тоа во серии по десет пати во една серија.

Клекни – стани

Оваа вежба е одлична за брзо затегнување на задникот. Одвојте барем пет минути во текот на денот за овие вежби.

Ширете ги колената

Оваа вежба може да ја правите било каде, само треба да сте седнати. Рацете накрсно ставете ги на колената од внатрешната страна. Со рацете спојувајте ги колената, а со нозете пак пружајте отпор и не дозволувајте да се спојат нозете.

Велосипед

Тој е одличен за мускулите на задникот.

Одење на прсти

Уште една практична вежба која освен забава ќе ви овозможи и добар задник. Одете на прсти по 30 секунди, па застанете на целото стапало. Повторте ја оваа вежба барем во 10 серии.

Вежба со перница

Навачер пред телевизорот ставете ја перницата помеѓу колената и стискајте со цела сила, при тоа  стегајте ги мускулите на задникот. Обидете се да се задржите во таа положба колку е можно подолго.

Напиши коментар