Сите знаеме колку уживаат децата во шаренилото од бои и украсните елементи на облеката. Колку поинтересно изгледа парчето облека, толку повеќе детето го сака и го носи со мерак.

Денешниот проект е украсување на обична стара маичка, но по истиот начин можете да украсите џемпер, елече, здолниште и сл. Лентата не мора да биде поставена назад, може да биде и напред поставена дијагонално на пример.
Потребна ви е само украсна лента и декоративни копчиња. Еве како изгледа процесот на работа.




