Мода

Освежете ја капата со крзнени детали

Температурите полека се спуштаат, а од ден во ден воведуваме нови зимски модни детали во секојдневното облекување.Капите, шаловите и ракавиците ви нудат топлина, но претставуваат и модни детали кои го красат нашиот стил. Бидејќи накитот во текот на есента и зимата  не се гледа под слоевите облека, па логично е овие модни додатоци наш најчест избор.

Денес ви откриваме едноставен начин да ја освежите капата со крзнени детали. Крзното и оваа сезона е апсолутен хит, така што со овој избор сигурно нема да погрешите.

Потребни материјали:

  • вештачко крзно
  • ножици
  • игла и конец
  • памук

Од обратната страна на крзното која е обично памучна исцртајте правилен круг – колку е поголем кругот толку ќе биде поголемо крзненото топче! Исечете го по означениот круг.

Ќе добиете крзнен круг. Во средината сместете топче памук или некој друг мек материјал и со конец почнете да го затворате круот од долната страна.

Откако ќе завршите треба да добиете крзнено топче. Пришијте го на самиот врв на капата и тоа е тоа!

Толку е едноставно!

Write A Comment