Здраво тело

Откриен начин за спречување на ширење на туморот на мозокот

Експертите за рак на Каролинскиот Институт во Стокхолм тврдат дека успеале да го запрат процесот на растење на туморот на мозокот кај глувците, давајќи им супстанца по име Vacquinol-1 која може да се зема во форма на таблета.

Отриено е дека молекулите на Vacquinol-1 иницираат процес во ќелиите на ракот, во која ќелијата ја пренесува супстанцата од надворешноста до својата внатрешност и во прилика доаѓа до рушење на надворешниот ѕид на ќелиите. Истражувањето е извршено на глувците со вообичаен тип на тумор на мозокот, но експертите тврдат дека оваа метода има потенцијал да се користи и на други типови на рак и тоа кај луѓето.

Ова откритие претставува кулминација на големото истражување за новите начини за лечење на ракот. Во процесот експертите ваделе ќелии од туморот со стотина различни молекули како би го проучиле нивниот ефект. Vacquinol-1 во овој процес бил како најуспешен и експертите сега сакаат забрзано да прејдат во фаза на тестирање на луѓе.

Шест од осум глувци кои го примиле третманот успеале да останат во живот 80 дена во споредба со вкупно 30 дена кои живееле глувците во другата контролна група.

Напиши коментар