Motherhood

Откриена тајната на плодноста

Научниците конечно го пронајдоа долго бараниот проетин за плодност кој му овозможува на сперматозоидот да се всади во површината на јајце клетката со цел да ја оплоди.

Откритието претставува важен чекор во разбирањето на процесот кој овозможува зачнување, а во биолошката иднина би требало да обезбеди развој на нов облик на контрацепција и лекување на неплодност.

Биохемичарите ги оценуваат овие резултати како клучни бидејќи сега знаат двајцата партнери кои се одговорни за врзување на сперматозоидите за јајце клетката.

Научниците веќе од порано знаеле дека протеинот Изумо 1  му овозможува  на сперматозоидот да се врзе за јајце клетката но никој не знаел кој протеин се врзува за неа.

Со помош на овој метод тимот открил рецептор кој го нарекол Јуно според римската божица на плодноста, баш како што е Изумо1 наречен според јапонскиот симбол на репродукција.

Истражувањето покажало дека Јуно постои кај сите цицачи, вклучувајќи ги и лужето и дека без него јајце клетките и сперматозоидите не можат да се поврзат. Резултатите откриле дека протеинот има уште една функција – да оневозможи спојување на друг сперматозоид откако јаце клетката ќе биде веќе оплодена. Имено, Јуно исчезнува од површината на јајце клетката во рок од 30 до 45 минути по оплодувањето.

Истражувачите очекуваат дека ова откритие може веднаш да почне да се користи во лекувањето на неплодноста. Жените кои имаат проблеми со неплодноста би можеле да ги тестираат протеините на своите јајце клетки. Доколку се покаже дека им недостасува протеинот Јуно или пак дека тој има некој дефект, би можеле да ја испробаат техниката на интрацитопламично убризгување на спермата во која еден сперматозоид влегува во јајце клетката.

Write A Comment