Кога на ред ќе дојдат килимите при пролетното чистење, овие совети многу ќе ви помогнат.
Флеки од чај или кафе
Верувале или не, флеките од кафе или чај можат да се отстранат со пиво. Се што треба да направите е да втриете малку пиво на дамката, да почекате 1-2 минути па со крпа да пројдете над неа. Повторете ја постапката по потреба, се додека флеката не се отстрани целосно.
Флеки од мастило
Со користење на лимонов сок и вински прашок за пециво, можете да направите едноставна смеса, со која потоа ќе ја покриете флеката. Оставете да делува пет до десет минути, а потоа исчистете со чиста крпа.
Флеки од црвено вино
Овбие флеки можете да ги исчистите со пена за бричење, оставете да делува две минути, а потоа поминете над неа со мокар сунѓер.
Флеки од урина
На сите сопственици на доимашен миленик, овој совет ќе им биде многу вреден. Измешајте три лажици бел оцет, неколку капки детергент за миење садови и половина литар топла вода. Натопете крпа во смесата и нанесете на флеката. Оставете да делчува неколку минути пас исушете со сува крпа.
