Убавина

Отстранување на шминка на природен начин

Отстранувачот на шминка е нешто кое секоја жена мора да го носи со себе во чантата, бидејќи отстранувањето на шминката пред спиење е најважниот дел од негата за лице. Сепак производите од продавница не се секогаш најдобра опција. Постојат и алтернативни решенија, кои се лесно достапни за секого, a би биле од голема полза за вашето лице.

Вазелин

Ова е нашиот личен фаворит како алтернатива за отстранување на шминка. Вазелинот иако може да се користи и како ноќна крема за околу очи, тој може да се користи и како отстранувач на шминката од вашето лице. Нанесете само мал слој вазелин на едно парче памук и поминете низ деловите од лицето на кои има шминка. Вазелинот не е скап и ќе ви трае подолго време.

Масло за бебиња

Уште една алтернатива за отстранување на шминка е маслото за бебиња. Најдобар начин за да го користите е со парче памук да го нанесете на вашите очи. Масирајте ги со нежни кружни движења. На овој начин не само што ќе ја отстраните сенката за очи туку ќе го извадите и моливчето за очи или римелот.

Маслиново масло

Доколку немате ниеден препарат за отстранување на шминка, маслиновото масло може да помогне. Маслиновото масло е одличен омекнувач на кожата, а откако ќе го измиете маслото од лицето кожата ќе стане и еластична.

Алое вера

Алое вера не е практично само за изгореници. Тоа е одлично и ако имате мрсна кожа и не сакате да стане уште помрсна. Одлично ќе ја отстрани вашата шминка, а се препорачува за водоотпорни маскари кои тешко се отстрануваат. Како бонус, ако вашите очи се изморени или потечени, алоето ќе ги смири и ќе помогне да се намали црвенилото.

Write A Comment