Чичокaта во светот е позната како ерусалим артичока, а кај нас како див компир.
Првично е одгледувана како ботанички билка, но на средината на 18 век делумно го замени компирот и стана главна храна во многу земји од Централна Европа. Коренот на растението нема добар изглед, полн е со израстоци, има неправилна форма и големина.
Лековитост
Чичокaта е исклучително корисна во третманот на дијабетес и дебелина, поради тоа што има низок гликемиски индекс – за време на деградација на инсулин во телото нема зголемување на гликозата во крвта. Исто така, има позитивни ефекти во превенција и третман на ревматски заболувања, како што се гихт, артритис и ревматски артритис. Има репутација како одличен афродизијак, бидејќи тоа помага да се зголеми либидото, потенцијата и плодност. Корисна е во превенција и третман на алергии, остеопороза, анемија и болести на крвта и крвните садови. Го зајакнува имунолошкиот систем, го штити срцето и помага во превенција на малигни болести на дебелото црево. Благодарение на калиумот во својот состав помага на регулирање на притисок. Чичокaта, за разлика од компирите не содржи скроб и и поради тоа ова растение во иднина може да стане замена за компирот.
Употреба на Чичоката во кулинарството
Чичоката е најдобро да се јаде сирова, во вид на салати, бидејќи така е најкорисна, но може и да се вари, да се пече и да се пржи.
Надворешно се користи при осипи, лишаи и хемороиди.
