Хлорела, едноќелиската слатководна алга со потекло од Азија, можеби е најдобриот и најефикасниот лек за мамурлак во светот. Оваа алга не само што поттикнува детоксикација на црниот дроб, туку може да ги намали симптомите на мамурлакот за дури 96%.
Хлорела има најголемо ниво на хлорифил од сите други билки.
“Истражувањето после нуклеарната катастрофа покажа дека оваа алга може да ги елиминира ураниумот, кадмиумот и оловото. Исто така, се користи за елиминација на живата од пломбата”, раскажува Типер Луис, ботаничар.
Оваа алга исто така е полна со витамини и минерали и има неверојатно добро влијание врз здравјето. Грицкањето на алгата можеби и не е така примамливо, но од неа можат да се прават разни шејкови со лимон, како и таблети.
