Мода

Ова лето носете бело!

Ако малиот црн фустан е апсолутен must have за вечерни излегувања, тогаш белиот е како создаден за летните горештини и за сите оние денови кога сакаме да ги привлечеме туѓите погледи со својата едноставност.

Кога го избирате својот бел фустан секогаш водете се од обликот на телото. Раскошните гради одлично функционираат со V деколте и ѓердан во земјени тонови, додека асиметричните кроеви можете да ги комбинирате со накит во металик и златна боја создавајќи впечатлив вечерен изглед.

Бојата овозможува да експериментирате како со формата, така и со должината, па затоа долгите фустани се идеален избор доколку сакате да изгледате шик, а да не оставите впечаток дека сте го поминале целото попладне подготвувајќи се за излегување.

Напиши коментар