Мојата кујна

Ова мора да го пробате! Печени њоки со сос од сланина и моцарела

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 гр готови њоки

* 250 грама сечкана сланина

* 2 чешниња лук

* 1 лажичка црвен пипер

* 400 гр домати од конзерва

* 1 лажица доматно пире

* 1 лажичка шеќер

* 2-3 лажици јогурт

* 100 гр моцарела сечкана на ленти

* Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Додека ги варите њоките во солена вода, на страна започнете со подготовката на сосот.

Во сад запржете ја сланината, а потоа додадете ги лукот и црвениот пипер. Потоа додадете ги доматите, доматното пире, лажичката шеќер и оставете да крчка 5 минути. Тргнете го садот од огнот и во сосот додадете ги јогуртот, сол и бибер по потреба. Откако сте ги свариле њоките можете да преминете кон следната фаза на пригодувањето на рецептот.

Во огноотпорен сад ставете ред њоки, ред сос за да на крајот го наредите слојот моцарела. Печете 10 минути или додека моцарелата не добие златно жолта боја.

Напиши коментар