Дестинации

Ова се причините зошто да ја одберете Норвешка за место на живеење

Норвешка има добиено највисоки оценки во 4 категории, како безбедноста, здравствениот статус, погодната околина и прилагодливоста.

norway1

Доколку сеуште се мислите каде да заминете, еве ви доволно причини да ја одберете оваа скандинавска земја.

1. Сите кои се постари од 67 години добиваат месечна пензија од $1012 долари.

2. Норвешка троши близу 5 % од вкупниот бруто домашен производ за исплаќање на постарите лица.

3. Животниот век во Норвешка е до 84 години во просек, а луѓето вообичаено до 77 години немаат некои посебни здравствени компликации.

4. Норвежаните речиси и немаат невработени бидејќи 7 од 10 луѓе на возраст од 55 до 64 години се со полно работно време.

norway2

5. Дури 99,4 % од Норвежаните над 60 години имаат високо образование. Таму факултетите се бесплатни.

6. Влезот во музеите е исто така бесплатен. Може да влезете колку пати сакате и да разгледате некои од најзначајните уметнички дела, без да платите ништо.

7. Системот кој функционира за начинот на одгледување на децата им овозможува на родителите да се погрижат за нив, па да се вратат на работа, поради што бабите и дедовците не се задолжени да ги чуваат внуците.

8. Со оглед на тоа што 20 % од вкупната популација има над 60 години, Норвешка овозможува најразлични програми и промоции токму за своите повозрасни граѓани.

norway3

9. Луѓето над 67 години плаќаат половина цена за билети во јавниот транспорт, вклучувајќи го и меѓународниот сообраќај.

10. Во Норвешка не мора да се грижите за гужвите во сообраќајот, затоа што само околу 50 % од Норвежаните имаат свој автомобил.

11. Според истражувањето на Светската здравствена организација, спроведено во 2013 година, помалку од 30 % од Норвежаните над 70 години се чувствуваат осамено, тажно или депресивно.

12. Се претпоставува дека сето ова е поради тоа што 89 % од луѓето над 50 години имаат пријатели и роднини на кои може да сметаат во секое време.

Па повелете во Норвешка ако не!

Напиши коментар