Куќата од бајките, всушност постои! Објектот е целосно опремен, и кога ќе видите како изгледа во внатрешноста, нема да верувате дека тоа е со површина од само 26 метри квадратни .
Крис Хајнинг е креатор на оваа мала куќа која има само 26 метри квадратни. Тој е уметник, дизајнер, кој многу внимание посветува на својата фамилија.
Од 17 години живеел во Јапонија каде што научил да живее во мал простор. Неговото искуство допринесе за изградба на оваа прекрасна куќа.
Објектот личи на куќата од бајките.
При влез веднаш наидувате на малата кујна, но добро опремена, па веднаш следи просторот за дневен престој.
Минималниот простор има и бања која е комплетно опремена за нормално функционирање.
Делот за спиеење е простран и се наоѓа на галерија. Просторното планирање на овој дизајнер овозможува во оваа куќа да живеаат комотно две особи.
Кој би рекол дека се ова се наоѓа во простор од 26 метри квадратни.





