Џамијата Nasir-ol-Mulk која се наоѓа во Шираз, Иран е надалеку позната по своите калеидоскопски бои.
Таа била изградена помеѓу 1876-та и 1888-ма година, се протега на површина од 2 300 метри квадратни и е една од малкуте џамии со витражни прозорци.
Неколку пати досега е обновувана со цел да се задржи нејзината воодушевувачка убавина.
Оваа џамија која исто така се нарекува “џамија на боја” е украсена со обоено стакло, ткаени килими и светли тавански плочки кои создаваат прекрасен ефект кога сончевите зраци навлегуваат низ прозорците.
Локалните жители веруваат дека Nasir-ol-Mulk е најубавата џамија во светот, а многумина се согласуваат со тоа.
Годишно, околу 300 000 луѓе ја посетуваат оваа џамија, некои за да се помолат, а некои само да и се восхитуваат.










