Sweet Home

Овој дом ќе ви остане во мислите

Доколку еден стан може да се прогласи за уметничко дело, тогаш станот претставен на фотографиите во продолжение веројатно е најверодостоен кандидат за оваа титула. Сместен во потркровје, удобен и романтичен, станот без сомнение е место кое што нуди вистинско уживање.

Секој агол од овој прекрасно уреден дом е приказна сам за себе. Така, овој стан се протега на површина од 166 метри квадратни и содржи шест соби. Атмосферата во станот дополнително ја разубавува каминот, а домот има и две одлично уредени тераси.

Белите високи ѕидови и големите прозорци овозможуваат продирање на дневната светлина во текот на целиот ден и оддаваат впечаток на пространост. Дневната соба е директно споена со трпезаријата, додека кујната е преградена со шанк, истовремено претставувајќи посебен простор, но во целина со дневната соба и трпезаријата.

Станот поседува две детски соби и една спална соба. Детските соби се уредени на начин да му овозможат совршен престој на секое дете, истовремено нудејќи му простор за извршување на неговите обврски, но и уживање во целосниот комфор при детската игра. Во самата спална соба е сместен уште еден камин, кој само дополнително ја зголемува магијата на оваа просторија, која има и посебна тераса, бања и гардеробер. Бањата е пространа и луксузно уредена, со џакузи, две лабавоа и простор за складирање на оние предмети кои се чуваат во оваа просторија.

Слободниот простор помеѓу собите е искористен за создавање на посебен дел во кој може да се смести еден гостин или пак простор кој може да му се додели на детето, како негово интимно катче. Во рамките на станот е сместен и неверојатен мини-спа центар. Терасите нудат прекрасен поглед кон градот, а овој стан во целина, навистина е еден до најдобро уредените домови.

Write A Comment