ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250 гр. рикота сирење
* 1/3 чаша сецкан млад кромид (само зелениот дел)
* 1 чаша сецкан спанаќ
* 2 јајца (одделени жолчката од белката)
* 1/3 чаша брашно
* малку сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исцедете ја водата од рикотата и измешајте ја со сите останати состојки.
Од добиената смеса земете дел по дел со лажица и ставајте во загреана тава претходно во која пртходно сте ставиле малку масло.
Секоја палачинка притискајте ја со лажицата на нејзината средина да добие златно-кафеава боја, а потоа свртете ја од друга страна.
Палачинките со рикота и спанаќ може да ги послужите со сос од домати.
