Парфемот обично се става на местата што пулсираат – врат, рачен зглоб, внатрешната страна на раката, па дури и на потколеницата. Од секогаш нè советувале парфемот да го нанесуваме токму на местата каде што сакаме да нè бакнат.
Бидејќи порано парфемите биле осмислени така што топлината потикнувала ширење на нивниот мирис, сосема е разбирливо дека требало да ги нанесуваме на местата што пулсираат. Но денес технологијата за производство на парфеми е малку поинаква, па и нивното нанесување би требало да се промени.
Повеќето жени парфемот го нанесуваат на вратот или зад ушите, но дерматолозите тврдат дека со тоа се предизвикува стареење на кожата. Имено, денешните парфеми главно содржат висок процент на алкохол, па затоа ја сушат кожата на вратот и осетливата кожа зад ушите. Поради тоа кожата побрзо старее, па затоа парфемот наместо на вратот и зад ушите, треба да го нанесувате под клучната коска.
