Ако некогаш сте сонувале да живеете во замок коj наликува на оној од бајките, ова е веројатно правa недвижност за вас …
Се наоѓа во предградието на Париз, во близина на Версај, оваа вила од 500 м2 потсетува на домови од времето на луксуз и богатство. Таа се наоѓа на имот кој е 5343 м2, особено се карактеризира со зелени површини. Во близина на вилата постојат две одделни згради, кои се поврзани со тераса која гледа на градината и езерото. Оваа француска сопственост има убава приемна соба за гости, пространа дневна соба, поставена библиотека и осум спални.
Доколку елегантната надворешност на вилата, во комбинација со фино убави градини не беше доволно импресивно за вас, ентериерот ќе ве остави без здив. Да би останале верни на своите корени и оригиналниот дизајн, оваа вила има внатрешни работи кои се базираат на прекрасни ретро елементи со современи апарати. Се што е во оваа вила изгледа свежо, а се е во одлична состојба.
Цената од 5.000.000 евра не е толку голема, со оглед на изгледот на самата вила и прекрасната локација веднаш до Париз и Версај.


















