ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 средни тиквички исечкани на кругови
* 2/3 шолја масло за готвење
* 2 лажички вински оцет
* 3/4 чаша замрзнат грашок
* 2 шолји крупно сечкан босилек
* 1/4 шолја магдонос
* 1/3 шолја маслиново масло
* свежо мелен црн бибер
* 250 г паста
* кора од еден лимон
* 200 г моцарела
* сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете вода со сол да зоврие. Додека чекате водата да зоврие во тава за пржење додадете го маслото за готвење и загрејте го на средна температура. Испржете ги тиквичките, така што ќе добијат златно жолта боја. Оставете ги да се исцедат настрана во сад за цедење. Потоа прелијте ги со винскиот оцет и малку посолете ги.
Во меѓувреме во зовриената вода ставете ги смрзнатиот грашок и варете го 3 до 4 минути. Исцедете го и прелијте го со ладна вода додека не стане млак. Оставете го настрана да се исуши. Потоа во истата вода додадете ја пастата и варете ја ал денте, а потоа исцедете ја и оладете ја под ладна вода.
Искомбинитајте ги магдоносот и босилекот заедно и додадете малку маслиново масло и ставете ги во блендер, а потоа додадете малку сол и бибер.
Ставете ја пастата во празен сад. Додадете ги тиквичките и останатите состојки како грашокот, моцарелата, кората од лимон, босилекот и магдоносот итн. Полека мешајте додека не добиете еднаква смеса.
