Мојата кујна

Пченкарни ролнички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400 г брашно

* 100 г пченкарно брашно

* 4 лажички прашок за пециво

* 2 јајца

* 10 лажици масло

* 8 лажици млеко (ладно)

 состојки за фил

* 300 г кашкавал (крупно изрендан)

* 250 г шунка (на кругичња)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерна на 200 степени. Во поголем сад измешајте ги сите состојки за тестото. Месете со рака додека не добиете меко тесто. Оставете го одстои десетина минути.

Наростете ја работната површина со брашно. Исукајте го тестото со големина 40х40. Исечете 16 парчиња. На секое ставете изрендан кашкавал и парче шунка. Направете ролнички. Премачкате ги со малку млеко.

Печете околу 20 минути во плех обложен со хартија за печење. Бидете трпеливи да се оладат десетина минути, а потоа се спремни за дегустација. Бон апетит.

Напиши коментар