Мојата кујна

Печен компир полнет со сланина и кашкавал

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Варени компири

* Кашкавал (ајдамер оили гауда)

* Путер

* 1 шолја презла

* Парчиња сланина

* Масло

* Зачини по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Варените компири испасирајте ги  заедно со мала коцка путер додека не добиете тесто. Посолете и зачинете.

Исечкајте го кашкавалот на коцки со средна големина.

Земете една коцка кашкавал и замотајте ја во тестото од компир додека не обликувате топче.

На секое топче замотајте 1-2 парчиња сланина, зависно од големината и зацврстете со стапче за ражничи.

Топчињата извалкајте ги во презла и на крај пржете ги во длабоко масло додека не добијат златна боја.

Послужете со павлака и ситно сечкан млад кромид.

Write A Comment