Мојата кујна

Печени компири со лимон и мајчина душица

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 лажици мајчина душица ситно сецкана
* 50 мл. маслиново масло
* 1 кг. компири
* 1 лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупете ги компирите и исецкајте ги на големи коцки. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги компирите во тенџере со посолена вода, оставете да зовријат и гответе ги 10тина минути. Ставете масло во тава за печење и загрејте го маслото. Изцедете ги компирите и додадете ги во тавата. Печете ги 30тина минути, со едно до две промешувања. Извадете ја тавата, додадете го сокот од лимон и мајчината душица, промешајте и печете уште 15тина минути.

Write A Comment