ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 600 г компири
* 30 г путер (омекнат)
* 350 мл павлака за готвење
* 120 мл млеко
* 2 лажици брашно
* 4 чешнина лук (ситно сечкан)
* 100 г кашкавал (изрендан)
* сол, црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирот добро измијте го и исечкајте го на парчиња.
Во пластичен сад измешајте ја павлаката со млекото, додадете брашно, лукче, сол и црн пипер.
Садот во кој ќе се печат компирите намачкајте го со путер. Ставете пола од компирите, залијте ги со пола од претходно подготвениот сос, па додадете ги преостанатите компири и сос.
Садот со компири затворете го со алуминиумска фолија и печете 30 минути на 200 степени. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 20 минути се додека не добиете убава златеста боја.
На сам крај, одозгора ставете од ренданиот кашкавал и оставете го во рерна уште неколку минути само колку да се растопи кашкавалот.
