Мода

Перфектни шешири за забележлив стил

Ако подолго време поминувате разгледувајќи  ги странските street style блогови , сигурно сте забележале дека „must have“ како моден додаток  на скоро  секоја модерно дотерана дама е шеширот! High street брендови ова сезона во своите понуди ставија различни модели, внесувајќи дури и некои специфични бои, па нашиот предлог е, во колку се уште не сте инвестирале во некој добар модел на шешир, да ги разгледате пред  да се решите да го сторите тоа!

Каков модел да одберете? Тоа првенствено зависи од вашиот стил – ако сте класичен тип, одлучете се за црн машки модел, ако сте романтична, шеширите со голем обод се вистински избор за вас! Ако пак пред се сакате да бидете во тренд погледајте ги прекрасните модели во Zarа која уште еднаш ни понуди фантастични модели инспирирани од колекциите на Maison Michel брендот. Шеширот никогаш нема да ви биде непотребен, напротив –  прекрасно ќе изгледа во комбинација со класични џинс пантолони и кожна јакна; многу елегантно во комбинација со вашиот зимски капут, и потполно женствено со зимската бунда. Внимавајте единствено да не ја погрешите  големината, и ако се решите за бојата на шеширот, внимавајте таа да е во согласност со вашите модни додатоци

Украсете се со шешир ова сезона!

Напиши коментар