Motherhood

Пет грешки кои родителите ги прават со тинејџерите

Како кај секоја индивидуа, така и кај тинејџерите, во текот на годините постојано се менуваат начините на размислување. Всушност, ова е тешка фаза која ја поминуваат родителите со цел да ги разберат барањата на децата кои се во период на пубертет.

Постојат одредени неправилности, кои дури и несвесно можат да се применат, но сепак имаат влијание кај децата.

1. Ширење негативни вибрации
Постојат родители кои секоја грешка на детето ја третираат како голема и прават напори истата веднаш да се поправи. Оваа постапка кај детето обично создава негативна енергија и страв од понатамошен пристап кон нештата. Доколку секој потег од негова/нејзина страна се смета за грешка, се зголемува влијанието за негативно размислување за своите постапки.

2. Пренагласено потпирање на совети од книги за родители
Некои родители се толку вознемирени поради промената која ја чувстуваат кај своето дете, па гледаат да прочитаат што повеќе книги и совети како да се справат со тоа. Читањето на книги од овој тип е сосема во ред, но секогаш треба да се има на ум дека секое дете има свој карактер и не секој совет одговара на истиот. Ваквата навика може да биде корисна, но доколку инструкциите не се следат до крајност.

3. Честите аргументи на нивните одлуки
Тинејџерската фаза е период кога децата сакаат да се чувствуваат независни и да си докажат дека можат да бидат одговорни сами за себе. Доколку родителите ги обвинуваат децата за секоја нивна одлука, тоа може да прерасне само во досанда навика. Токму поради ова, децата ќе почнат да кријат што повеќе информации мислејќи дека секоја нивна постапка ќе биде осудена и променета.

4. Игнорирање на сериозни проблеми
Ова најчесто се јавува кога родителот дознава за некои лоши навики кај своето дете, како на пример, пушење цигари, алкохол или влијание на лошо друштво, но остава време работите сами по себе да дојдат на место размислувајќи дека се работи само за еден миновен период. Во овој случај, психолозите и истражувањата претендираат на што повеќе разговор со детето и внимавање на неговото однесување, бидејќи игнорирањето на нештата може да се прифати како одобрение.

5. Да се биде премногу „мек“
Конечно, за се е потребно чувство на умереност. Ниту сторгото забранување, ниту преголемата слобода нема да допринесе за успешно поминување на тинејџерските години.

Write A Comment