← НАЗАД НА БОЗА

Пет начини да ја осветлите косата без да ја уништите

Пет начини да ја осветлите косата без да ја уништите
689 Читања

Ова е добра вест за русокосите кои сакаат да ја осветлат бојата на косата без дополнитело оштетување.

Следниве 5 рецепти за домашни средтва за нега на косата можеби нема да ве претворат од бринета во русокоса, но се одлични за да овозможат една до две посветли нијанси на вашата коса и секако дополнителен природен сјај и мекост.

1. Најелементарниот начин на осветлување на косата во домашни услови е 3-процентниот раствор од водород пероксид кој можете да го најдете во најблиската аптека и чини малку пари. Префрлете го во шишенце со прскалка и користете го секојдневно. По само една седмица ќе забележите дека медените прамени се осветлени за неколку нијанси.

2. Свежо исцедениот сок од лимон ќе ја осветли вашата коса доколку го оставите да отстои на косата околу еден час. Можете да го помешате со раствор од водород пероксид и да го користите како секојдневен спреј за коса.

3. Во домашни услови можете да направите маска за осветлување со помош на 100 милилитри сварен чај од камилица во кој ќе додадете 30 грама глицерин кој можете да го купите во аптека. Ваквата маска нанесувајте ја на влажна коса и оставете ја да делува околу половинa час. До наредното користење чувајте ја во фрижидер.

4. Помешајте корен од коприва со јаболков оцет и таквиот раствор варете го околу 15-тина минути. Овој раствор нанесувајте го на немиена коса втривајќи го во корените. Исто така, чувајте го во фрижидер.

5. Кон погоре споменатиот раствор додајте сув чај од камилица – 50 грама, свежо исцеден сок од два лимони, 20 грама сув чај од невен, две лажички мед и неколку капки ликер. Ваквата смеса нанесувајте ја на немиена коса по што ќе ја замотате во топла крпа или соодветна капа.

 

Совет плус: За девојките со природни руси тонови се препорачува користење на шампон со екстракт од камилица, додека за оние кои ја бојадисуваат косата, се препорачува шампон и соодветни средства за нега на бојадисана руса коса.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk