Родителските заблиди не се безопасни, бидејки имаат директно влијание на развојот на детето. Проверете дали некаде грешите и како да го смените своете однесување.
Многу митови имаат во себе малку вистина, затоа тешко се препознаваат.
Мит 1. Најдобро го познавате своето дете
Делумно точно. Кој може подобро од вас да знае дали вашето дете сака повеќе банана или праска. Меѓутоа родителите се пристрасни и со самото тоа не се објективни кога во прашање се нивните деца. Воспитачите и наставниците често можат да забележат особини кои родителите не ги гледаат. Не би требало да ги игнорирате нивните забелешки бидејки тоа е на штета на вашето дете.
Мит 2. Можете да ја обликувте неговата личност
Делумно точно. Нема сомневање дека околината игра важна улога во развојот на личноста, но родителите често ги забораваат гените. Бебињата не се празна табла, велат експертите. Сите се раѓаме со одредена основа, а родителите можат понатаму да влијаат. Неможете да го извајате детето како вие што сакате, но можете да им помогнете да си ги оствари сите потенцијали кои му ги дала природата.
Мит 3. Важно е да поминувате што е можно повеќе време заедно
Делумно точно. На детето му треба сигурност, да знае дека родителите се во близина и дека може да се потпре на нив. Меѓутоа, родителите забораваат дека децата не се најважни цветови кои не можат ништо без нивна помош. Треба да се остави детето да биде самостојно. Исто така не е толку важно колку време поминувате со детето како што е важно начинот на кој го поминувате тоа време.
Мит 4. Родителот е пример за своето дете
Делумно точно. Идеалниот родител е полн со љубов и подршка за своето дете. Детето такви работи учи од вас. Меѓуотоа иако вашата соба е уредна детето сепак ќе ја растури својата, бидејки децата не гледаат на светот со очите на возрасните.
Мит 5. Моето дете заслижува најдобро
Делумно точно. Сакаме децата да ни бидат задрави, сигурни и среќни… постојат многу производи со кои им обазбедуваме удобност и задоволство. Сепак не би требало да се претерува. Пред да посегнете за играчка во продавница, размислете дали на вашето дете му треба уште една.
