Како што постојат навики кои го подобруваат изгледот, така постојат и оние лоши кои се одразуваат врз убавината. Еве кои се тие:
Допирање на лицето
Вашите раце во текот на денот допираат различни бактерии и нечистотии, па ако со такви раце го допрете лицето, секако дека нема да направите ништо добро.
Премногу алкохол
Со оглед на тоа што се работи за диуретик, алкохолот поттикнува дехидратација, ја суши кожата и ве прави да изгледате постари. Освен тоа содржи и калории.
Преработена храна
Не само што ке добиете неколку килограми повеќе, туку ваквата храна може негативно да се одрази врз вашата кожа, во облик на акни.
Сончање
Поголемиот дел оштетувања на кожата поврзани со стареење, се случуваат за време на премногу изложување на сонце.
Пушење
Цигарите содржат повеќе од 4000 хемикалии, од кои 51 се проверено канцерогени, со тоа со секое вовлекување дим, буквално се убивате. Кога пушите, слободните радикали се формираат во вашето тело, односно ја оштетуваат вашата ДНК.
