Motherhood

Пет необични особини кои децата ги наследуваат од родителите

Веднаш откако ќе се роди детето, сите се трудат да ги пронајдат сличностите со родителите. Во морето од карактеристики кои се забележуваат, се наоѓаат и некои необични, за кои веројатно не сте ни замислувале дека се наследуваат.

Од родителите се наследува бојата на очите и косата, висината, типот на косата и останатите физички карактеристики. Во морето од тие карактеристики кои луѓето често ги забележуваат и истовремено коментираат, постојат и некои необични карактеристики, за кои многу од нас никогаш не претпоставувале дека се “генетски.”

Синдром на кивање

Дали вас дирекното гледање во сонцето ве тера да кивнете? Или кивате два до три пати кога од темно кино наеднаш ќе отидете во осветлена просторија? Во прашање е необичен синдром на кивање кој го наследуваме од своите родители.

Немате толеранција за алкохол

Ако само после неколку испиени голти алкохол вие се чувствувате како да ве има прегазено воз, заблагодарете им се на своите родители кои исто така имаат мала толеранција на алкохол.

Стискање на дланките

Ги спојувате прстите од двете раце заедно како да сакате да се молите (без размислување). Како вам ви стојат палците? Поголемиот број од луѓето палецот од левата рака го ставаат врз палецот од десната рака. Пробајте сега да ја замените нивната положба – чудно се чувствувате во таа позиција, зарем не? Луѓето кои “природно” ги држат дланките во оваа обратна поза тоа го имаат наследено од своите родители.

“Ген” популарност

Ако сте комуникативна, отворена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е “генот” наречен популарност да го имате наследено од своите родители.

Завиткување на јазик

Можете да го свиткате јазикот како во “ролна”? Верувале или не, оваа моторичка вештина ја немаат сите луѓе, а на вам ви е пренесена од страна на мајката или таткото.

Write A Comment