Доколку сакате да ја одржите сопствената, односно хигиената во домот, мора да обрнете внимание на сите оние предмети што секојдневно ги користиме, а кои по одреден период се вистински извор на бактерии.
MSN направи листа со работи што треба да ги замените после одреден период, а ние одвојуваме дел од нив.
Четкичка за заби
Четката за заби треба да ја менувате на секои три до четири месеци. Доколку не можете да се сетите кога последен пат сте купиле нова, време е да ја фрлите старата во канта.
Шминка за очи
Шминката за очи е вистинска основа за размножување бактерии и доколку не сакате да ризикувате инфекција тогаш менувајте ја на време. Особено внимавајте на шминките што се во директен допир со окото како моливчето и маскарата.
Кујнскиот сунѓер
Со оглед на тоа за што се употребува и зачестеноста во употребата, кујнскиот сунѓер треба да го менувате најчесто од сè. Некогаш дури и по една употреба, особено ако сте го употребиле за да направите генералка на секој агол од вашата кујна.
Перници
Шансите се дека по една година користење перниците се преполни со остатоци од вашата плунка и кожата. Доколку користите навлаки кои редовно ги перете ќе можете да ги користите подолго, но доколку не користите навлаки за перници сменете ги после една година користење.
Лосион за заштита од сонце
Кога еднаш ќе го отворите лосионот за заштита од сонце тој почнува да ја губи „моќта“. Повеќето од овие лосиони траат две до три години, но подобра идеја е штом дојде време за одмор да си користите сосема нов, наместо оној што ви останал од лани.