Мојата кујна

Пица од стар леб

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500 гр стар леб

* 150 мл масло за јадење

* 6 јајца

* 200 гр шунка (изрендан)

* 200 гр кашкавал (изрендан)

* 300 мл млеко (може и јогурт)

* 3 лажички доматно пире

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечете го лебот на кришки со средна дебелина. Добро премачкајте го плехот со масло за јадење.

Наредете ги кришките леб низ целата површина на плехот. Празнините дополнете ги со помали парчиња. Премачкајте го горниот дел на лепчињата со доматно пире.

Направете фил од млекото (јогуртот) јајцата, саламата, кашкавалот. Измешајте, а потоа со филот рамномерно прелијте ги кришките.

Одозгора наросете оригано и печете 15 до 20 минути во загреана рерна на 220 степени.

 

Напиши коментар