ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 г компири (излупени и исечкани)
* 25 г путер
* 100 мл млеко
* 50-60 г кашкавал (рендан)
* 1/2 страк праз
* 1-2 перца млад кромид
* малку масло за готвење
* 2 лажици брашно
* 100 мл павлака
* 300 мл супа од коцка (пилешка)
* 300 г пилешко бело месо (сварено и исечкано)
* 70 г грашок
* малку магдонос
* малку сол, црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Излупените и исечканите компири ставете ги во солена вода, оставете да зоврие, намалете го оганот и варете ги околу 15 минути или се додека не омекнат. Исцедете ги, изгмечете ги и додадете путер, млеко, рендан кашкавал и сол по потреба.
2.Празот исечкајте го на ситни парчиња и на масло за готвење пржете го се додека не омекне. Ставете брашно, промешајте, малку пропржете па додадете ја пилешката супа. Мешајте се додека не добиете фин сос.
3.Во сосот додадете ја павлаката и откако ќе зоврие додадете ги свареното пилешко месо, грашокот и ситно сечканиот магдонос. Зачинете со сол и црн пипер.
4.Истурете во тава за печење, а одозгора, подеднакво распоредете го пирето од компири. Печете го јадењето во загреана рерна, на 200 степени, околу 20 минути и уште неколку минути на грил опција се додека компирот не стане крцкав.
