ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 кг пилешки крилца
* 120 мл пиво
* 60 мл масло
* 60 мл соја сос
* 30 мл процеден лимонов сок
* 2 чешниња лук
* малку сол, црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Лукчињата излупете ги и исечкајте ги на ситни парченца. Ставете ги во поголем сад заедно маслото, пивото, соја сосот, лимоновиот сок, солта и црниот пипер.
2.Пилешките крилца добро измијте ги и исушете ги на кујнска хартија.
3.Потоа ставете ги во садот со подготвената маринада. Садот покријте го и оставте го во фрижидер барем час и половина.
4.Пилешките крилца печете ги во плех обложен со хартија за печење во добро загреана рерна околу 40 минути. На половина од печењето префрлете ги пилешките крилца за да добро се испечат од обете страни.
