Мојата кујна

Пилешко со мед и пиперки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250 мл млеко

* 3 супени лажици густин

* 2 супени лажици соја сос

* 2 супени лажици мед

* 1 супена лажица путер

* 500 г пилешки гради (бело месо) (исечени на тенки парчиња)

* 2-3 чешниња лук (ситно исечкани или истолчени)

* 1 црвена пиперка (исечкана на тенки парчиња)

* 1 зелена пиперка (исечкана на тенки парчиња)

* 1 жолта пиперка (исечкана на тенки парчиња)

* 1 супена лажица јаболков оцет

* сол и црн пипер (по потреба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Во подлабок сад, измешајте малку од млекото со густинот додека не се раствори добро, а потоа додадете го остатокот од млекото, соја сосот и медот и добро измешајте.

2.Добро загрејте вок или друга подлабока тава на силен оган. Додадете половина од путерот, пилешкото и лукот и пржете неколку минути додека месото не зарумени убаво. Префрлете го месото во некоја чинија или сад.

3.Додадете го остатокот од путерот во тавчето и исечканите пиперки. Пржете 5-6 минути или додека пиперките не омекнат. Потоа намалете ја температурата и вратете го пилешкото во тавата.

4.Промешајте ја смесата со млеко и додадете ја во тавата. Пржете околу 5-6 минути или додека сосот не се згусне. На крајот додадете малку оцет и повторно промешајте. Послужете со ориз или тестенини.

Write A Comment