Лимонот е едно од најстарите помалагала во служба на убавината. Неговата сила ја величеле и древните Египјани, кои ја препознале неговата моќ и го користеле во разни препарати за убавина.
Пилинг за тело на база на лимон
Поради висока концентрација на киселина, лимонот служи за отстранување на мртвите клетки на кожата, грубите места на лактовите, колената и петите, кои набргу стануваат меки.
Направете пилинг:
Измешајте 2 лажици мед со лажица лимонов сок и загрејте ја смесата. Кога ќе се олади, нанесете ја на места на кои кожата е груба. Исплакнете по 20 мин. На повеќето им е познато дека со нанесување на лимон на лактовите се симнуваат мртвите клетки од кожата и таа станува мека, но лимонот е одличен и за ноктите: по работата по дома, истријте ги ноките со половина лимон и тие повторно ќе заблескаат.
3 Маски за база на лимон:
Од лимонов сок може да се направат прекрасни маски за лице, ви претставуваме три најдобри:
Маска за освежување–
Измешајте свежо кравјо сирење (20%масленост) со 5 капки лимонов сок. Смесата нанесете ја на чисто лице и отстранете ја по 15 мин. Можете да уситните половина авокадо, додадете му лажица лимонов сок и една разматена белка.
Маска за сува кожа–
На освежителната маска додадете и неколку капки бадемово масло, намачкајте го лицето и вашето деколте и по 20 мин. исплакнете.
Маска за затегнување на кожата–
Измешајте 100гр зобени снегулки, сок од 1 лимон и една белка. Маската оставете ја на кожата, идеално ќе делува на затегнувањето на вашата кожа.