ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* еден карфиол
* 3 финџали вода
* 4 чешниња лук (исчистени)
* едно лажиче сол
* бибер
* ловоров лист
* едно лажиче путер
* млеко (по потреба)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Варете ја водата со сол на собна температура. Откако ќе зоврие додадете го карфиолот искинат на цветови, лукот и ловоровиот лист. Откако карфиолот ќе омекне, исцедете ја водата и извадете го ловоровиот лист.
Во карфиолот додадете путер и почекајте да се стопи. Изгмечете го или изматете го со миксер, а бибер додадете по желба. Доколку сакате во пирето можете да додадете и малку млеко.
