← НАЗАД НА БОЗА

Писмото на една мајка до своите деца

Писмото на една мајка до своите деца
691 Читања

Еден ден кога моите деца ќе бидат доволно големи за да можат да ја сватат логиката која ги води родителите, ќе им кажам:

–          Те сакав доволно за да те прашам каде одиш, со кого си и кога ќе се вратиш.

–          Те сакав доволно за да инсистирам да штедиш и сама да си купиш велосипед, иако имавме доволно пари за да можеме да ти го приуштиме тоа.

–          Те сакав доволно за да молчам и да дозволам самата да сватиш како твојата најдобра пријателка те искористува.

–          Те сакав доволно за да ти висам над главата два часа додека не ја наместиш својата соба – работа за која ти требаат 15 минути.

–          Те сакав доволно за да ти дозволам да ја видиш лутината, разочарувањето и солзите во моите очи (децата мора да научат дека нивните родители не се совршени).

–          Те сакав доволно за да ти дозволам да ги искусиш последиците од она што го правиш, дури и кога тие беа премногу болни и ми го кршеа срцето.

–          А најмногу од се, те сакав доволно за да ти кажам НЕ и кога знаев дека ќе ме мразиш поради тоа. Беа тоа најтешките битки. Драго ми што ги сакав толку бидејќи на крајот, тоа се твоите победи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk