Sweet Home

Планинска куќа од соништата

На брдо во ексклузивното “Deer Crest ” опкружување е сместен дом од соништата и истиот од неодамна е на продажба, по цена од 21.9 милиони долари.

Станува збор за луксузен имот кој се простира на површина од 1.400 метри квадратни. Оваа ски колиба била изградена како дел до проект за креирање на планинска резиденција која е олицетворение на сиот луксуз кој што еден скијач го бара и посакува.

Неверојатниот дом бил изграден во 2008 година и истиот има 6 спални соби, 15 бањи и тоалети, двокатна дневна соба со големи прозорци, спална соба, трпезарија, лифт, голема груманска кујна со централен шанк и одвоен простор за појадок.

Доколку сето тоа некому не му е доволно, тука се и теретаната, собата за билјард, собите за масажа и фитнес, собата со сауна и солената соба, двата вински подруми со простор за дегустација, како и домашното кино со месото за 16 посетители. Секако, тука е и базенот и големата џакузи када, како и пространата тераса.

Едноставно, станува збор за планинска куќа од соништата за зима од соништата!

 

Write A Comment