← НАЗАД НА БОЗА

Подгответе ги стапалата за топлите денови

Подгответе ги стапалата за топлите денови
583 Читања

Конечно се ближи времето кога ќе ги ставиме чизмите на крајот од плакарот за чевли, и ќе ги извадиме омилените сандали. Но, по долгата зима стапалата можеби не ви се подготвени да ја видат светлината на денот. Ако ситуацијата е таква, тогаш добро ќе ви дојдат овие совети за домашна нега на стапалата.

Пилинг

Можеби вашите стапала и прсти не се слични со кожата на лицето, но и нив им треба потполно истата нега. Пред да почнете со што било друго, најпрво треба да се погрижите за старата мртва кожа. Пилингот ќе ви помогне да се ослободите од задебелувањата на кожата и евентуалните жуљеви.

За да го подготвите домашен пилинг можете да се послужите со следниов рецепт:

Потребни ви се:

2 1/2 шолји шеќер

половина шолја маслиново масло

8 лажици млеко

4 лажици мед

4 капки етерично масло од лимон

Прво измешајте со маслиновото масло со шеќерот, а потоа додадете го млекото и повторно промешајте. На крај додадете ги медот и етеричното масло. Бидејќи овој пилинг е доста мрсен и течен, најдобро е да го користите во бањата или во некој леѓен.

Нанесете го пилингот и масирајте го стапалото со кружни движења, вклучувајќи ги и прстите, а особено внимание посветете им на петиците. Откако ќе завршите со масажата, исплакнете ги стапалата со млака вода, нанесете хидратантен крем и носете чорапи неколку часа (се препорачува пилингот да се прави навечер).

Ваквиот пилинг можете да го приготвите и во поголема количина и да го чувате во фрижидер неколку недели.

Топла бања за стапала

Пилингот можете да го направите и по релаксирачка топла бања за стапала. Во топла вода капнете неколку капки етерично масло или морска сол, а за нежни стапала ќе ви помогнат и неколку капки маслиново масло или масло за бебиња. Можете да подготвите и бања со млеко, така што ќе измешате половина шолја врела вода со една шолја млеко и ќе додадете една лажица шеќер. Оваа мешавина интензивно ќе ги хидрира вашите стапала.

Внимавајте на габичните инфекции

Во ладните месеци не е тешко да заборавите на негата на стапалата, а можно е и воопшто да не сте забележале дека имате проблем со габичките. За среќа овој проблем (кога е во почетната фаза) се решава прилично лесно со употреба на специјализирани кремови или капки, кои секако треба редовно и доследно да ги користитите.

Средете ги ноктите

Освен за кожата на стапалате, треба да се грижите и на вашите нокти. Исчеткајте ги со четкичка, со посебно стапче потиснете ја кожата над ноктите, исечете ги во рамна линија за да ја спречите појавата на нокти враснати во кожата а потоа поминете ги со турпијата за да бидат мазни.

Хидратантна нега

Исто како што ги негувате рацете и лицето, така треба да се погрижите за хидратација на стапалата. Можете да користите специјални хидратантни кремови за стапала, но ќе ви послужи и вашиот омилен крем или млеко за тело, како и сите производи врз база на шеа масло и млеко. Кремот најдобро ќе се впие во вечерните часови. Нанесете подебел слој, а потоа облечете бели памучни чорапи и спијте со нив.

Лакирање на ноктите

Сега кога кожата и ноктите ги доведовте во ред, можете да се фокусирате на украсување. Оваа пролет можете да се држите до класичните бои, но можете и да екпериментирате со боите по примерот на последните трендови. Во зависност од вашиот вкус можете да одберете нежни или вивидни нијанси. Одберете нешто весело, ведро, разиграно и во склад со годишното време.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk