ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* Шолја вода,
* половина шолја масло,
* шолја шеќер,
* 2 шолји брашно,
* 2 лажици џем по избор,
* 2 јаболка, прашок за печиво,
* 3-4 лажици какао прав,
* 50g темно чоколадо.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Сите состојки освен чоколадото добро измешајте ги, па додадете ги јаболката во смесата.
Промешајте неколку минути, па потоа мешавината истурете ја во тава подмачката со масло и посипана со брашно
Печете 40 минути на 180 степени.
Жешкиот колач прелијте го со глазура од растопено чоколадо. По желба, послужете со сладок зачин или сезонско овошје.
