Цвеклото содржи редица важни витамини и минерали како фолна киселина, манган, калиум, растителни влакна, витамин Ц, железо, магнезиум, бакар и фосфор.
Сокот од црвено цвекло помага за елиминирање на токсините, ја подобрува функцијата на црниот дроб и ја прочистува крвта. Цвеклото содржи супстанции кои ја зголемуваат издржливоста на срцето и крвните садови и претставуваат превенција од некои видови рак, особено рак на дебелото црево. Пигментот кој е одговорен за темната црвена боја на цвеклото, наречен бетацианин е моќен антиоксиданс и помага против образување ракови клетки .
Утврдено е дека кај пациемнти со рак во стомачната шуплина сокот од цвекло ја блокира мутацијата на раковите клетки. Бетацианинот не можете да го најдете во ниту еден друг зеленчук.
Препорачана дневна доза е половина чаша.
Најдобрата рецепта што ќе ви ја подобри крвната слика:
½ цвекло
Листовите од едно цвекло
4 моркови
½ јаболко
3 – 4 листови спанаќ
Парче краставица
Обработено во соковник, се пие наутро на гладно секое утро во продолжение на една година.
