Тој е најверојатно најуспешниот маж кој некогаш успеал во светот на модата, благодарение на неговиот истенчен и беспрекорен вкус. Доколку на сево ова се додаде и фактот дека ваквите успеси му донесоа огромна слава и милионски заработки на Ралф Лорен, логично е дека неговиот дом ќе претставува луксузно уредено парче рај. Всушност, познатиот моден могул е сопственик на повеќе домови (логично, нели?), но оној кој ви го прикажуваме во продолжение се наоѓа во Бедфорд, Њујорк.










