Пустината по име Намиб, што во превод значи „пространо место“, е единствена пустина во светот која излегува на море. Се наоѓа во југозападна Африка, и зазема подрачје од околу 50.000 квадратни километри, протегајќи се дури 1.600 километри низ должината на Атланскиот океан, на брегот на Ангола, Намибија и Јужна Африка.
Намиб воедно се смета и за најстарата пустина во светот, која ваквите сушни и полу-сушни услови ги имала најмалку 80 милиони години.
Нејзината неплодност предизвикува сув и остар воздух, кој го разладува ладната струја Бенгела кој тече долж брегот. Морската пустина е дом на голем број необични ендемски видови на растенија и животни, кои буквално живеат од магла, со оглед на тоа што е единствениот извор на вода.
Намиб е ставена на листата на светско наследсто на УНЕСКО како единствената пустина во светот која излегува на море.








