Sweet Home

Погледнете како изгледа најскапата куќа во Америка

Што всушност ја чини оваа куќа вредна неверојатни 190 милиони долари и со самото тоа и најскапа куќа во Америка? 

Актуелниот сопственик на овој имот во Конектикат, познат и како фармата „Copper Beech“, е бизнисменот Џон Руди, кој ја купил од семеен пријател во 80-те години.

Пред да биде во сопственост на господин Руди, имотот бил во сопственост на пријателот Ендрју Карнеги – еден од основачите на компанијата „US Steel“.

Раскошната викторијанска вила од 1.500 квадратни метри е изградена во 1898 година и поседува дури 650 квадратни метри подрумски простор.

Се простира на имот од 30 хектари, кој претежно е од ливади и од шума, во чиј состав се и два острова. Куќата има 12 спални соби, 9 бањи, тениски терен, огромен базен долг 23 метри, раскошна градина уредувана од стручњаци од ботаничката градина во Њујорк, како и приватна плажа.

Иако оваа колонијална вила е навистина импресивна, како и нејзината цена, новиот сопственик ќе има многу работа и дополнителни трошоци за реновирањето, бидејќи во повеќето простории нема централна клима, а кујната се наоѓа во подрумот, покрај просторијата за послугата.

Viktorijanska vila

Viktorijanska vila slika2

Viktorijanska vila slika3

Viktorijanska vila slika4

Viktorijanska vila slika5

Botanička bašta

Teniski teren

Bazen dug 23 metra

Напиши коментар