ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 јајца
* 80гр брашно
* 2 тиквички
* 30гр корнфлекс
* 100гр лебни трошки
* масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измијте ги добро тиквичките и тенко исечете ги.
- Во еден сад измешајте ги јајцата заедно со брашното, корнфлексот и лебните трошки.
- Секоја тиквичка натопете ја во смесата и пржета ја во силно загреано масло.
- Сервираме со свежа салата по избор.