Мојата кујна

Поховано пилешко во рерна

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 5 парчиња пилешки гради

* 2 лажички сол

* 1/4 лажички бибер

* 1/4 лажички чили во прав

* 1 лажичка лук во прав

* 1 лажичка црвен пипер

* 2 лажици мајонез

* 2 лажици кисела павлака

* 2 лажици рендан пармезан сирење

* 1,5 чаша трошки

* 2 лажички пченкарно брашно

* 100 ml зејтин (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пилешкото пресечете го на  половина да  добиете потенки парчиња, а потоа по должината на половина; едно парче го делиме на  4 дела и го ставаме во сад. Додадете сол, бибер, лук, чили пиперки и црвен пипер и измешајте го сето тоа. Потоа додадете мајонез , павлака и пармезан сирење и мешајте ги сите заедно.

Затворете го со  проѕирна фолија и оставете во фрижидер  еден час или два . Тепсијата подмачкајте ја со зејтин (може и без тоа ) и посипете пченкарно брашно ( за месото да не се залепи на тепсијата ) и оставете настрана.

Пилешко тркалајте го  во трошки од леб и се редете го  во тепсијата. Кога ќе го наредите цело  , посипете повторно со зејтин. Пилешко печете го на 210 степени, 25-30 минути.

Напиши коментар